„Кравата е навистина опседната“, „Бакни ме, цел ден мислам на тебе“, „Забранета љубов“, „Колку се неодоливи“, гласат некои од коментарите под видеото.
Кучето и кравата сè уште еден доказ дека необичните пријателства меѓу животните постојат и опстојуваат.
Често се среќаваме со необични пријателства меѓу животни. Тие ни покажуваат дека не е важно колку се различни и дека сепак можат да бидат длабоко поврзани.
Овој пат наидовме на преслатко видео на кое една крава никако не може да се одвои од куче. Постојано го бакнува и го гледа. Кучето е малку „постудено“, но сепак и тоа возвраќа на бакнежите од време на време.
„Кравата е навистина опседната“, „Бакни ме, цел ден мислам на тебе“, „Забранета љубов“, „Колку се неодоливи“, гласат некои од коментарите под видеото.
Како изгледало сето тоа можете да погледнете на приложеното видео.