Кјелини ја продолжи традицијата на Канаваро, Фабио му порача: Не заборавај…

Дерби

12/07/2021

18:40

3.318

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Италија е нов европски шампион, успех до кој стигна со три победи во групната фаза за да потоа во нокаут рундата ги елиминира Австрија, Белгија, Шпанија и Англија на патот до титулата.

Овој резултат е извонреден за „аѕурите“ со оглед на тоа што овој состав Роберто Манчини го презема од „нула“, откако селекцијата остана без билет за СП во 2018 година. Сега Италијанците се страв и трепет, играат квалитетен, организиран фудбал, а нивна последна жрвта беше Англија кој беше срушена во нејзиниот дом, храмот на фудбалот „Вембли“.

Џорџо Кјелини беше еден од оние кој најмногу му се израдува на трофејот затоа што овој може да биде негов последен во репрезентативната кариера. Кјелини го зема трофејот со себе и реши да ја продолжи традицијата на Фабио Канаваро.

- Ја следам традицијата на местро Фабио Канаваро, -напиша Џорџо под фотографијата на која се гледа како трофејот е на неговиот кревет.

На ова своја реакција имаше некогашниот капитен на Италијанците кој порача:

- Капитену, ти благодарам. Денеска е уште поубаво да се биде Италијанец и те молам немој да заборавиш да го покриеш тој трофеј, - порача Канаваро.