Тања Кочовска за бракот со Предраг Павловски: „Порано се сакавме, сега си мериме притисоци и ич око не нѝ трепнува“

Точка

05/03/2021

15:24

8.005

Големина на фонт

а а а

Кој гледал барем едно интервју со Тања Кочовска, добро знае дека таа е секогаш отворена и крајно искрена на секоја тема.

Актерката која изобилува со харизма и позитивен карактер гостуваше во интервју за „Репортер“ во кое буквално зборувала за сè.

Кочовска зборувала за бракот со Предраг со кој е веќе 25 години во брак и споделила интересна приказна за тоа како ја побарал за жена:

„Отидовме на ручек со колегите во кафеана, а јас со Предраг останав до 5 наутро и тогаш ме побара за жена. Му реков: „Да да, сигурно, јас со дете сум, ти мене ќе ме земеш за жена“ и така испадна. Од прв момент ме побара за жена и како ме побара, се заидовме и еве сме, си мериме притисоци“, вели Кочовска.


„Постојано ми го крева притисокот зошто тој е многу помирен од мене, јас сум „поексплозивна“ и жива. Порано сме си се сакале, сме си воделе љубов, сега си мериме притисоци, ич око не нѝ трепнува“, се шегува актерката и додава дека многу ја нервира што тој пее фалш.

„Да знаев порано дека не знае да пее, можеби и немаше да се земеме“.

Кочовска зборувала и за поранешниот брак со актерот Владимир Ендровски – Љац.

„Јас со Љац бев најдобра другарка на Академија. Бевме неразделни 4 години, јас, Љац и Кили. Ние случајно го направивме Александар, останав бремена и сакав дете и реков дека ќе го родам. Немав некоја траума дека јас се разведов, едноставно се повлеков со детето и животот ми продолжи“, вели таа.

За односот на децата од двата брака, за болеста на нејзината мајка, како е толку еластична за да може да направи салто во вода и многу други работи, дознајте од интервјуто во продолжение:



Спонзорирани линкови

Маркетинг