Ако чувствувате болка и мачнина во желудникот, а сакате да посегнете по природен лек кој можете брзо и едноставно да го подготвите дома, тоа е дефинитивно чајот.
Желудочните тегоби како што се грчевите, гасовите и надуеноста се едни од најчестите здравствени проблеми кај многу луѓе.
Можни причини за мачнини и болка во желудникот се:
- лекови
- хемотерапија
- гастроинтестинални нарушувања
- мигрена
- стрес
- вознемиреност
- депресија
- утринска мачнина/бременост
- нарушувања на тироидната жлезда
Во продолжение ви претставуваме неколку природни решенија кои ги ублажуваат овие симптоми.
Чај од ѓумбир
Ѓумбирот го опушта дигестивниот тракт и овозможува храната непречено да поминува низ него, без задржување. Ја стимулира дигестијата и ја смирува непријатноста во желудникот, како и мачнините.
Познато е дека ѓумбирот има антивоспалителни својства, го зајакнува имунитетот и помага во детоксикација на црниот дроб.
Неговите својства можат да помогнат да се намали чувството на гадење за време на бременоста и хемотерапијата.
Чај од нане
Нането е особено ефикасно во лекување на дигестивните нарушувања.
Есенцијалното масло од нане има релаксирачки ефект врз желудникот и цревата и го стимулира лачењето на жолчката. Ги намалува грчевите, го ублажува чувството на мачнини и непријатност и ослободува од гасови.
Пријатниот мирис на чај го смирува и нервниот систем.
Исто така, нането е популарна алтернатива за лекување на синдром на иритабилни црева, цревно нарушување кое предизвикува болка во стомакот, надуеност и неправилна работа на цревата.
Чај од камилица
Благиот ефект на камилицата го смирува стомакот и го олеснува варењето. Ќе ве ослободи од вишокот гасови и ќе го намали воспалението на слузницата на желудникот. Лекува разни гастроинтестинални нарушувања, вклучувајќи надуеност, дијареа, анорексија, мачнини, болка и повраќање.
Чај од анасон
Анасонот има одличен ефект во лекување на желудочни и цревни тегоби. Чајот од анасон ја намалува надуеноста, ги смирува грчевите во желудникот и цревата и ја ублажува мачнината.
Исто така, тој ги опушта мускулите на дигестивниот тракт.
Чај од сладок корен
Чајот од сладок корен најчесто се користи како лек за желудникот, а неговата голема моќ лежи во тоа што ги смирува симптомите на дигестивни нарушувања и мачнини.