Мисионерската поза е една од најкласичните и најчестите секс пози на светот. На некои им е омилена, додека некои мислат дека веќе премногу пати е испробана и здодевна.
Но, тоа не треба да биде така. Постојат многу начини за да ја зачините оваа и поза и да откриете нови уживања благодарение на неа.
Мисионерската поза исто така може да биде „валкана“
За оваа поза уважено е мислењето дека е пристојна, но тоа не мора да биде точно. Таа може да биде и романтична, но и побрза и погруба. Се работи само за вашиот став кон позата и сексот воопшто. Можете да одлучите дали сакате само нежни бакнежи по вратот и погледи во очи или да ги забрзате работите со партнерот и страствено да се прегрнувате.
Користете стимулација на клиторисот
Пробајте модофицирана верзија на мисионерската поза во која вашиот партнер ќе се качи малку повеќе на вас и ќе прави движења со телото така што истовремено ќе ви го стимулира клиторисот. Оваа опција на мисионерска поза може многу да олесни постигнување на оргазам.
Движете се повеќе
Како и кај другите пози, сè станува посекси ако вие и вашиот партнер сте внесени во сексот. Тоа значи дека мисионерската поза може да биде многу подобра, ако малку повеќе се движите и ритмички ја следите пенетрацијата на партнерот, наместо да лежите без да се поместувате.
Не се плашете од валкан разговор
Оваа поза е совршена токму за тоа. Вие и вашиот партнер со лицата сте свртени еден кон друг, па така полесно можете да си шепотите сè што ќе ви падне на памет. А исто така и во цврстите прегратки или другите акции можете да вклучите валкани зборови.