На јубилејниот 20-ти фестивал на сендвичи, кој секоја година се одржува во главниот град на Мексико, бил подготвен сендвич долг 90 метри, кој постави нов рекорд.
Во подготовката на овој кулинарски потфат учествувале работници од бројни домашни и меѓународни ресторани како и продавници специјализирани за подготовка на традиционални мексикански сендвичи.
Огромниот сендвич тежел речиси еден тон, а посетителите на фестивалот имале можност бесплатно да дегустираат дел од овој џиновски сендвич.
Инаку организаторите го срушиле сопствениот рекорд и на спектакуларен начин одбележаа две децении од фестивалот што го слави едниот од најомилените мексикански специјалитети.
Фестивалот оригинално се вика „The Feria de la Torta“, а торта во Мексико е вид на сендвич.