[ВИДЕО] „Што ако дете беше таму?“ Американска туристка ги налути Хрватите, „целиот регион“ расправа за оваа снимка

Точка

12/08/2025

10:24

3.040

Големина на фонт

а а а

Туристка од Америка, кој пронашла решение за чест проблем на патниците што летуваат во Хрватска, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

На снимката, која стана виралнa, туристката може да се види со ранец на грб, како стои на врвот од стрмните скали, покрај куфер со тркалца. На почетокот од видеото, куферот за момент ѝ се лизнал од раката. Потоа, без двоумење, Американката го шутнала по скалите, што предизвика лавина коментари.

„Го фрливме куферот по скалите затоа што бројот на скали во Хрватска до нашиот Airbnb беше луд. Единственото разумно решение што го видовме, додека во брзање заминуваме, беше да ги фрлиме куферите по скалите“, изјави за медиумите туристката што ја објави снимката.

Таа додаде дека иако во куферот немало стакло, имало козметика и производи за нега на кожа, но ништо не било оштетено.


Корисниците на Тикток упатија бројни коментари под оваа снимка поради ризичниот трик со куферот. Како и секогаш, мислењата беа поделени. Додека некои тврдат дека трикот на Американката бил генијален, други напишаа дека нејзината постапка можела да заврши трагично.

„Како Хрват, можам да кажам дека ова е највозбудливото нешто што ни се случило во последните 30 години“, „Направи го попаметно, а не потешко“, „Се качував по овие скали, целосно го разбирам нејзиниот потег“, „Ако производителот на куфери веднаш не го искористи ова за кампања, пропушта одлична можност“, „Ова треба да биде реклама за издржливоста на куферот“, напишаа оние кои го поддржуваат потегот на Американката.

„Можеше да повреди некого, нели?“, „Што ако имаше дете таму долу?“, „Девојко, тоа се само скали, очигледно ги немаш во Америка“, „Не можам ни да замислам како би било доколку куферот удреше некого“, „Не ти е гајле за безбедноста на другите“, коментираа други.