Во пустината се продава „Невидливата куќа“: 510 квадрати луксуз и базен од 30 метри

Точка

13/08/2025

20:11

657

Големина на фонт

а а а

Сместена на приватен имот од 90 хектари, т.н. „Невидлива куќа“ („Invisible House“) предизвикува големо внимание на социјалните мрежи.

Станува збор за минималистички, правоаголен објект, чија фасада обложена со огледала создава илузија на исчезнување во пустинскиот пејзаж на Националниот парк „Џошуа Три“.

Врвни материјали и дизајн

Куќата е дизајнирана од филмскиот продуцент Крис Хенли и архитектот Томас Осински. Таа се простира на околу 510 квадратни метри внатрешен простор, распоредени во четири спални соби и три бањи.

Во нејзината внатрешност се наоѓа и базен со должина од 30 метри и систем за греење, кој доминира во дневниот престој, пренесува „24sata“.

Екстериерот е осмислен така што речиси целосно се вклопува со природата, додека внатре гостите ги пречекува комбинација од врвни материјали и модерен дизајн. Куќата е опремена со кујна за професионални готвачи, елегантни елементи, мермерни плочи и контролирано LED осветлување.


Цената – вистинска „ситница“

„Невидливата куќа“ може да се изнајми за околу 95.000 американски долари месечно. Алтернативно, достапни се и ноќевања, со цени од 2.000 до 7.000 долари, во зависност од сезоната.

Овој архитектонски бисер, исто така, се нуди на продажба по цена од 17,95 милиони американски долари.