Музичката ѕвезда Дуа Липа вчера преку Инстаграм сподели дека почнала да го слави својот роденден, а нејзиниот фустан привлече најголемо внимание.
Иако пејачката е родена на 22 август, таа одлучи да го започне славењето на својот 30-ти роденден дури 10 дена порано, а за таа пригода се одлучи за предизвикувачка модна комбинација создадена специјално за неа од дизајнерот Симон Порте Жакемус.
„Рана прослава за роденден на мојот омилен остров со моите омилени луѓе во најубавата облека што ми ја направи Сајмон… Едвај чекам да наполнам 30“, напиша таа во описот на објавата.
Имено, Дуа Липа носеше долг бел фустан со светки, голем отвор од левата страна и гол грб за време на прославата на која присуствуваа нејзиниот вереник Калум Тарнер, блиското семејство и неколку пријатели.
Липа ја дополни креацијата со зашилени бели рамни чевли, впечатливи обетки, дебели сребрени нараквици и светкави прстени.
Кога станува збор за шминка, таа се одлучи за минималистичка шминка, фокусирајќи го целото внимание на нејзината исончана кожа и долга брановидна коса.
Фустанот ги воодушеви следбениците на Липа, а објавата собра повеќе од 1,6 милиони лајкови за само неколку часа. Секако, не недостигнаа ни комплименти. „Изгледаш прекрасно“, „Овој фустан на тебе е сè“, „Кралица која прави секоја година да изгледа како најдобра година“, „Ти си од друга димензија“, „Најубавата жена на светот. Со годините стануваш само подобра“, пишувале некои.
Пејачката ова лето, како што се гледа на фотографиите, често избира бела боја. Пред некое време сподели фотографија во бел топ и гаќички, а потоа и во бел бикини со црни точки, пренесува Јутарњи.