[ВИДЕО] Се појави нов тренд меѓу младите девојки: На социјалните мрежи отворено бараат богати партнери

Точка

13/08/2025

14:22

1.593

Големина на фонт

а а а

Новите генерации на млади жени отворено признаваат нешто за кое порано се зборуваше само во доверба – бараат богат партнер. И тоа не затоа што не можат сами да преживеат, туку затоа што сакаат живот на висока нога, пространа куќа со двор, две деца, луксузни автомобили во дворот, одмори во викендичка и егзотични патувања барем двапати годишно.

Проблемот? Во денешната економија, со цените на становите кои одат во небо и инфлацијата, сè потешко е да се постигне таков стандард потпирајќи се само на сопствените примања, дури и кога имате престижна диплома и добра работа.


„Ја сакам својата работа, но сакам и да патувам“

Џемима (31) од Лондон работи во уметничкиот сектор, има диплома од еден од најдобрите британски универзитети и, како што вели, ја сака својата работа. Но, искрено признава: „Сакам кујнски остров, двор и можност секоја година да одам на неколку патувања. Сама тоа не можам да го остварам, па не гледам проблем во тоа да барам партнер кој може да ми го овозможи тоа.“

Овој пристап станува сè почест меѓу образованите и амбициозни жени кои признаваат дека сакаат да ја комбинираат љубовта и финансиската стабилност.


Според „The Times“, дел од жените вложуваат во луксузни активности и членства за да ги зголемат шансите да запознаат имотен маж.

Амелија (24), која работи во медиумите, плаќа 350 евра месечно за членство во престижната лондонска теретана „Third Space“. Теретаната е позната како собиралиште на инвестициски банкари и успешни ИТ стручњаци. „Ако на крајот не уловам богат банкар, се откажувам“, се пошегувала таа за „The Times“.


Други совети од девојките вклучуваат прошетки низ „полуксузните делови на градот“, купување скап накит или одење на пијачка во елитни хотели и барови. Некои дури пресметале кои места се „најгусто населени“ со богати ергени.

Кога банкарите станаа пожелни?

Трендот дополнително се разгори со вирусниот ТикТок хит „Man in Finance“ (G6 Trust Fund) на американската инфлуенсерка Меган Бони (26). Во стиховите таа го опишува идеалниот партнер: „Барам маж во финансии. Семеен фонд. Висок 195 см. Сини очи.“


Песната, настаната на шега, собра над 38 милиони прегледи, доби издавачки договор, а ремикс направи и Дејвид Гета. Иако сатирична, песната на многумина им го промени мислењето за инвестициските банкари и луѓето од богатите слоеви на општеството. Од стереотипи за арогантни, неверни и премногу зафатени, тие станаа „материјал за маж“.

На социјалните мрежи, жените сега отворено снимаат обиди за запознавање „финансиски фраери“ – од држење натписи „Барам маж во финансии“ во деловните квартови на Лондон до снимање „случајни“ средби во населби полни со скапи станови.


Што велат експертите?

Професорка по социологија од Универзитетот „Сент Џорџ“ вели дека, иако забавен, овој тренд покажува една сериозна реалност: „И покрај феминизмот и големите можности за образование и вработување, многу млади жени кои ‘сè направиле по правилата’ сè уште тешко самостојно го постигнуваат животниот стандард што го посакуваат.“