Кукла во венчаница крие морничава мистерија: Стои во излог веќе 90 години, а сите гледаат во неа со страв

Точка

14/08/2018

15:58

7.414

Големина на фонт

а а а

Во мексиканската држава Чивава се наоѓа навидум обична продавница за венчаници, но во нејзиниот излог стои Ла Пасквалита - вистинска туристичка атракција.

На прв поглед станува збор за убава кукла, но доколку погледнете малку подобро, ќе сфатите зошто луѓето со години зборуваат за неа. 

##https://twitter.com/PBHNetwork/status/1028219520262070273##

Имено, Ла Пасквалита изгледа толку реално што жителите на Чивава веруваат дека станува збор за мумија на вистинска жена. Не само што нејзиното лице е исклучително експресивно, туку и нејзините дланки се детално направени, а на нејзините нозе се забележуваат вени.

Според приказната, една девојка по име Пасквала Еспарса се припремала за својата венчавка, кога ја каснал отровен пајак. Еспарса починала на денот на венчавката, а набрзо по смртта во 1930 година, нејзиниот татко ја ставил оваа кукла во излогот која довела до создавање на бројни легенди.


Клиентите со години говореле дека имаат чувство дека Ла Пасквалита ги следи со својот поглед низ продавницата, а некои дури тврделе и дека таа ја менувала својата положба. Дури и вработените во продавницата пријавувале необични работи, поврзани со оваа кукла.

"Секој пат кога ќе ѝ се доближам, рацете почнуваат да ми се потат. Нејзините раце се многу реалистични, а таа дури има и варикозни вени на нозете. Верувам дека е вистинска личност", изјавила Соња Бурсијага, една од вработените во бутикот.


Но, речиси е невозможно да се утврди потеклото на куклата. Сегашниот сопственик на бутикот е свесен дека Ла Пасквалита добро влијае врз неговиот бизнис, па затоа и тој се труди да ја одржи легендата во живот.

"Дали е тоа вистина или не, навистина не можам да ви кажам", изјавил сопственикот.