Интернет сервисот "IMDB" постојано составува листа на Топ филмови најгледани во Америка за изминатиот период, а во продолжение погледнете како изгледа листата на Топ 10 најгледани филмови во американскиот бокс офис за изминатата недела.
1. "Argo"
На првото место во листата оваа недела е биографскиот трилер "Argo", режисерско дело на Бен Афлек, кој има во него и своја улога, а покрај него, во филмот се појавуваат и Брајан Кранстон, Алан Аркин, Џон Гудман, Кери Бише... Овој филм веќе трета недела по ред е помеѓу најгледаните 10 филмови, а истиот изминатиот викенд заработил 12,1 милион долари, а неговата вкупна заработка изнесува 60,5 милиони долари.

2. "Cloud Atlas"
На второто место се наоѓа мистеријата "Cloud Atlas", филм направен под режисерската палка на Том Тајквер и Енди Вачовски, а во кој своја улога остваруваат големите холивудски имиња, Хали Бери, Том Хенкс и Хју Грант. Ова е прва недела во бокс офисот за овој филм, чија досегашна заработка изнесува 9,1 милиони долари.

3. "Hotel Transylvania"
Третото место на листата го зазема анимираната комедија "Hotel Transylvania", дело на Генди Тартаковски, а во кој гласовите на ликовите им ги позајмуваат Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Енди Самберг и Селена Гомез. Филмот е во американскиот бокс офис веќе петта недела по ред, изминатиот викенд заработил 9,44 милиони долари, додека неговата вкупна заработка изнесува 130 милиони долари.

4. "Paranormal Activity 4"
Хоророт "Paranormal Activity 4" веќе втора недела по ред се наоѓа во бокс офисот. Филмот е дело на Хенри Џост и Ариел Шулман, а своја улога имаат актерите Мет Шивел, Кети Фитерстон и Кетрин Њутон. Изминатиот викенд филмот заработил 8,51 милион долари, додека вкупната заработка изнесува 42,5 милиони долари.

5. "Silent Hill: Revelation 3D"
Филмот "Silent Hill: Revelation 3D", кој жанровски се категоризира како трилер, мистерија и хорор филм, се наоѓа на петтото место на листата, во првата недела од неговото сместување во бокс офисот. Филмот е дело на Мајкл Басет, а во истиот се појавуваат Шон Бин, Аделаида Клеменс и Кит Харингтон. Вкупната заработка на филмот изнесува 8,02 милиони долари.

6. "Taken 2"
Акциониот трилер "Taken 2" веќе четврта недела се наоѓа во американскиот бокс офис, со вкупна заработка од 117 милиони долари, а само изминатиот викенд заработил 7,72 милиони долари. Филмот е направен под режисерската палка на Оливер Мегатон, а своја улога остваруваат актерите Лиам Нисон, Меги Грејс и Фемки Џансен.

7. "Here Comes the Boom"
За акционата комедија "Here Comes the Boom", ова е трета недела во американскиот бокс офис, а истата е создадена од страна на режисерот Френк Корачи. Улогите во филмот ги толкуваат Кевин Џејмс, Селма Хаек и Хенри Виклер. Изминатиот викенд овој филм заработил 5,21 милион долари, додека неговата вкупна заработка изнесува 30,3 милиони долари.

8. "Alex Cross"
Филмот "Alex Cross", жанровски категоризиран како криминалистички акционен филм и мистерија, втора недела по ред се наоѓа во американскиот бокс офис, со вкупна заработка од 19,5 милиони долари, а само изминатиот викенд заработил 5,13 милиони долари. Како режисер на филмот се потпишува Роб Коен, а улогите ги толкуваат Тајлер Пери, Метју Фокс и Рејчел Николс.

9. "Sinister"
Хорор филмот "Sinster" е создаден под режисерската палка на Скот Дериксон, а улогите ги толкуваат Итан Хек, Џулиет Риленс и Џејмс Ренсон. Овој филм веќе трета недела по ред е во американскиот бокс офис, со вкупна заработка од 39,4 милиони долари, додека минатиот викенд заработил 5 милиони долари.

10. "Fun Size"
На последното, десетто место на американскиот бокс офис се наоѓа комедијата "Fun Size", режисерско дело на Џош Швартц, а улогите ги толкуваат Челси Хандлер, Ана Гастејер и Викторија Џастис. Ова е прва недела на филмот во американскиот бокс офис и истиот има вкупна заработка од 4,1 милион долари.