[ВИДЕО] Наташа Беквалац го прекинала настапот поради девојка која славела моминска вечер: „Посакувам никогаш да не ти се случи истото што ми се случи мене“

Точка

24/04/2025

11:41

1.899

Големина на фонт

а а а

Пејачката Наташа Беквалац за време на својот настап се обратила на извесна девојка од публиката која славела моминска вечер и ѝ посакала среќен и успешен брак. Овие нејзини зборови никого не оставиле рамнодушен.

Имено, Наташа Беквалац на својот настап ги извела најголемите хитови кои ги веселеле девојките на моминската вечер, а пејачката во еден момент ѝ се обратила на идната невеста.


„Сакав да имам семејство, деца, маж, златен ретривер, сè што оди со тоа, три пати пробав, три пати не успеав, а знаеш што ти посакувам тебе? Сакам истото никогаш да не ти се случи. Сакам твојата љубов да трае вечно и ти посакувам сè што сонуваш. Ти благодарам што дојде на мојот концерт иако ме сметаат за некој што не успеа, ти си многу храбра девојка“, рекла Беквалац.

Инаку, Наташа Беквалац три пати се мажела, а од два брака добила две прекрасни ќерки.

„Улогата на родител ми е најважна“


Пејачката не крие дека тие се нејзиното најголемо богатство. „Јас сум самохран родител. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија која доста ве обзема. Максимално сум посветена и на работата што ја работам 20 години на највисоко ниво. Тоа се двете работи кои ме исполнуваат и ме обземаат. Мажот мора да биде магичен за да можам да го вклопам во мојот распоред“, изјавила неодамна Наташа.


„Сè што е големо е тешко. Сметам дека мојата улога е голема. Секоја мајка знае колку е тешко да се биде самохран родител во овие луди времиња. Уште потешко е да се има тинејџерка и мало девојче во куќата. Ги родив, ги воспитувам и секако се гледам себеси во нив во секој момент, но ги гледам и нивните татковци“, додала таа во таа прилика.