[ФОТО] „Жешката“ манекенка позирала во провокативна долна облека – Облините во прв план

Точка

24/04/2025

10:49

2.204

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Ешли Грахам позирала за новата кампања на брендот Викторија Сикрет и собра бројни комплименти за нејзиниот изглед.

Меѓу другото, таа позирала во боди од тантела и проѕирен градник. Нејзините облини биле во преден план, а таа сподели и видео во кое може да се види каква била атмосферата на снимањето на кое присуствувале и нејзините деца.

„Мојата кампања за Викторија Сикрет е објавена. Има еден куп меки, растегливи работи. Не би имала ништо против да ги добијам како подарок“, напишала актерката.


„Најубавата манекенка“, „Ти си толку прекрасна“, „Жешка мама“, „Ти си таа“, биле дел од комплиментите на обожавателите.

Од Викторија Сикрет истакнале дека долната облека што ја произведуваат им нуди на мајките разновидност и удобност и ги поттикнува да се чувствуваат секси и самоуверени.

Потсетуваме, Грахам се појави на ревијата на споменатиот бренд во октомври минатата година. Потоа признала дека се двоумела околу оваа понуда бидејќи Викторија Сикрет била позната како бренд наменет само за слаби жени.


„Морам да бидам искрена, кога ме контактираа од Викторија сикрет, се двоумев. Овој бренд со години не беше посветен на луѓе како мене. Нивната визија за убавина изгледаше ограничено, како сè што создадоа да беше наменето само за еден тип на тело, кој не е мој“, изјавила Грахам.

Инаку таа и нејзиниот сопруг Менелик Џовани го добиле синот Исак во 2020 година, а две години подоцна ги добиле и близнаците Малахи и Роман.