Огромен интерес за филмот „Конклава“ по смртта на папата Франциско: Гледаноста скокна за 283 отсто – Еве за што станува збор во филмот

Точка

24/04/2025

17:30

1.192

Големина на фонт

а а а

Филмот „Конклава“, кој освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио, беше гледан околу 1,8 милиони минути на 20 април – денот кога почина папата Франциско.

Гледаноста на овој филм, во режија на Едвард Бергер и со Ралф Фајнс во главната улога, скокнала за 283 отсто на стриминг платформите по објавата за смртта на папата, според податоците на порталот Luminate објавени во средата.


До крајот на следниот ден, вкупната гледаност достигна 6,9 милиони минути.


Филмот ја прикажува динамиката и превирањата меѓу кардиналите за време на тајниот избор на новиот папа – процесот познат како конклава. Делото доби признанија и за реалистичното прикажување на црковната политика и човечките дилеми зад затворените врати на Ватикан.


Зголемен интерес бележи и филмот „Двајцата папи“ од 2019 година, во режија на бразилецот Фернандо Меирелеш. Оваа драма нуди измислен, но инспиративен дијалог меѓу папата Бенедикт XVI пред неговата оставка и тогашниот надбискуп на Буенос Аирес, Хорхе Марио Бергољо – идниот папа Франциско.


Филмот, според истите податоци, на денот на смртта на Франциско бил гледан 417 пати повеќе во споредба со претходниот ден, мерено во минути.