Славниот актер со сопругата и синот присуствувал на годишната свеченост „City Harvest“ во Њујорк која има важна цел – обезбедување храна за голем број луѓе кои секојдневно се борат со глад.
Популарниот актер Ричард Гир бил главна ѕвезда на црвениот тепих, покрај сопругата Алехандра Силва (41) и синот Хомер (24). Тројцата неретко се појавуваат заедно на јавни настани, па јасно е дека неговиот наследник го поддржува третиот брак на актерот.
Ричард Гир како и вообичаено блескал од среќа на црвениот тепих. Откако ја започнал врската со Алехандра, која инаку ја познава од детството затоа што е пријател со нејзиниот татко, делува како најсреќниот човек на светот.
И познатата Шпанка остава впечаток на среќна жена и на многумина им делува искрено, само да не ги снајде судбината на „совршено среќните познати парови“ кои изгледале исто како нив во јавноста, а потоа се разделиле.
Дека тоа ќе се случи, мислат оние кои остро критикуваат и тоа пред сѐ поради разликата во годините. На тие критичари не им е јасно како воопшто дошло до ваква врска затоа што двајцата изгледаат како татко и ќерка, односно како дедо и внука. Тоа се кажува за да се нагласи дека Ричард Гир е премногу стар за својата сопруга.
„Не му помагаат ни славата ни богатството“, велат некои луѓе, додека пак други додаваат дека Силва токму поради тоа е со него.
Има многу критики за бракот којшто трае од 2018 година и ветува како навистина да е трета среќа за актерот затоа што тој зад себе го има бракот со актерката и поранешен модел Кери Лоуел која од него е помлада 12 години. Од тој брак го добил синот Хомер, а бракот им траел од 2002 до 2016 година. Пред тоа бил оженет со 17 години помладата Синди Крафорд.
„Кога се венчав за него тој имаше 42 години, а јас 25. Бев млада, а тој беше Ричард Гир. Бевме заедно шест години, од кои две во брак. Кога почнав да бидам личноста која сум денес, беше доцна да го спасам бракот“, раскажала манекенката своевремено и додала: „Мислам дека дел од проблемот беше и во тоа што бевме сѐ освен пријатели, јас бев млада, а тој беше Ричард Гир“.