Познатата убавица многумина ја „мразат“ поради врската со него, но со овој потег ја „купила“ мајка му

Точка

24/04/2025

16:02

2.053

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер и Тимоти Шаламе се еден од најмистериозните парови во Холивуд, а додека многумина тврдат дека нивната врска е маркетиншки трик, други сметаат дека двајцата сепак се сакаат.

Инаку ријалити ѕвездата, Џенер често е мета на негативни коментари од страна на обожавателите на Тимоти. Иако оваа убавица не е постара од него, неговите обожаватели тврдат дека таа така изгледа и сметаат дека не е соодветна за него.


Од друга страна, неколку пати се појавија нејзини изјави во кои дури го споредила со бившиот партнер, додека Шаламе засега не се огласил на оваа тема.


Меѓутоа, изјавата на неговата мајка, која јавно ја поддржала нивната врската, сугерира дека не станува збор за маркетиншки трик.

Имено во интервју за „Page Six“, Никол Флендер накратко се осврнала на нивниот однос и открила што мисли за Кајли.


„Кајли е навистина симпатична, секогаш се однесува убаво со мене“, изјавила Никол.

Инаку Никол секогаш била покрај синот во најважните моменти во неговата кариера, но, како што рекла, не сака да ја смени адресата на живеење – Њујорк одлично ѝ одговара, сè додека може да ги посетува децата.

„Па, дали вие би сакале мајка ви постојано да ве следи? Повеќе сакам да отидам на гости кај него“, изјавила Никол.


Пред врската со Шаламе, Кајли била во врска со Тревис Скот со кој доби две деца. Тие раскинале на почетокот од 2023 година, а вистинската причина никогаш не била откриена.