На Сандра Булок ова ѝ е еден од најдрагите филмови снимени во кариерата: „Мислам дека никогаш не спиев, искуството беше магично...“

Точка

24/04/2025

10:33

1.432

Големина на фонт

а а а

Патот на актерите често е поплочен со улоги кои тие ги прифаќаат не затоа што приказната е таа која ги привлекува туку затоа што се единствената прилика за поголем успех.

Но, понекогаш се случува проектот веднаш да ги освои актерите, а токму тоа било случај со Сандра Булок и филмот „While You Were Sleeping“, романтична комедија која ја лансираше во Холивуд.

Кога сѐ уште била актерка во подем, како што вели, Сандра Булок наишла на сценарио кое ја допрело целосно на поинаков начин.

Тоа не било само уште една улога која ја сакала од очај туку приказна која ја освоила со својата топлина и едноставна убавина.

„Во тоа време бев актерка која одеше на аудиции. Ова беше првата улога која навистина ја сакав, не како очајна актерка туку затоа што приказната беше симпатична. Тоа беше најзабавното снимање во кариерата“, се присетила Булок, пренесува „Far Out“.

Романтичната комедија од 1995 година ја следи приказната на Луси, осамена жена која работи на благајна на железничката станица во Чикаго.


Откако спасила човек од разбојници, членовите на неговото семејство случајно ја помешале со неговата вереница.

Во мноштвото недоразбирања, Луси постепено се вљубува во човекот, што создава емотивен триаголник полн со шарм и комични моменти, но и суптилни меланхолии кои филмот го прават посебен во морето романтични комедии на 90-тите.

Иако Булок глумела во различни жанрови во својата кариера, од научна фантастика до комедии, сепак улогата во овој филм значела пресврт во нејзината кариера. Не само поради успехот на самиот филм туку и поради личното искуство на снимањето на истиот.


Таа деновите на снимањето на филмот ги опишала како исклучително разиграни и опуштени: „После работа, екипата од филмот излегуваше на салса, заеднички вечери, па дури и забави. Се прашувам како имав енергија за сето тоа? Мислам дека никогаш не спиев. Сѐ во врска со тоа искуство беше магично“, заклучила актерката.