[ВИДЕО] Актерот од „Gossip Girl“ брутално: „Врската со Блејк Лајвли беше борба“

Точка

24/04/2025

10:04

1.301

Големина на фонт

а а а

Актерот Пен Беџли, најпознат по улогата на Ден Хамфри во серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl), беше гостин во подкастот „Call Her Daddy“, каде што зборуваше за својата врска со Блејк Лајвли, која во серијата ја глумеше неговата девојка Серена ван дер Вудсен.

Тој признал дека врската со Лајвли била доста тешка, бидејќи било тешко да се одвои реалноста од романсата во серијата.

„Кога снимаш серија, постојано си во тоа. Она што почнува да се случува кога толку долго си во една улога е дека нема доволно одвоеност за никого“, изјавил тој.

Неговата изјава можете да ја погледнете во видеото од 42:57.

„Сите те гледаат како таа личност, на улица те викаат по името на ликот. Мораш постојано да бидеш таа личност и на работа. Не бев доволно емотивно зрел за да се одвојам од Ден Хамфри. Она што луѓето го мислеа за Ден, изгледа беше и она што го мислеа за мене“, заклучил тој.

Да потсетиме, Беџли и Лајвли се запознале на сетот на серијата, а биле заедно од 2007 до 2010 година, односно за време на првите три сезони од „Озборувачка“. Својата врска главно ја држеле во тајност, па дури и продуцентите на серијата дознале за нивното раскинување неколку месеци откако се случило.


По раскинувањето, Беџли изјавил дека врската со Лајвли му помогнала да се справи со славата. Потенцирал дека нејзиниот начин на живот му помогнал да ги избегне потенцијалните замки на животот како јавна личност. Денес Беџли е во брак со музичарката Домино Кирк, со која очекува близнаци. Лајвли, пак, е во брак со Рајан Рејнолдс, со кого има четири деца.


Блејк неодамна беше вклучена на листата „Тајм 100“ највлијателни личности за 2025 година и тоа среде правната битка со Џастин Болдони. Лајвли прва поднесе тужба во декември минатата година, тврдејќи дека Болдони започнал „кампања на оцрнување“ против неа поради тензии на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), и дека ја сексуално вознемирувал. Болдони возвратил со контратужба за клевета вредна 400 милиони долари против Лајвли, Рејнолдс и „Њујорк тајмс“, кој објавил обемен текст за нејзините обвинувања.