[ФОТО/ВИДЕО] Пејачката најавила концерт во парк – Полиција ја прекинала уште пред да започне

Точка

24/04/2025

09:39

1.455

Големина на фонт

а а а

Откако пејачката Лорде на социјалната мрежа ТикТок навести дека има нова музика, социјалните мрежи „експлодираа“ бидејќи тоа беше првпат обожавателите да имаат шанса да слушнат нешто ново по нејзиниот албум „Solar Power“ од 2021 година.

Инаку пејачката на 22 април на Инстаграм објави дека ќе одржи изненадувачки настап во паркот Вашингтон Сквер во Њујорк, каде сакала да ја сподели новата музика во живо со обожавателите, пренесе „Пипл“.

Watch on TikTok


Полицијата го прекинала собирот

Голем број обожаватели се собрале во паркот и додека чекале ги пееле нејзините хитови, како што се „Ribs“ и „Green Light“ свирејќи ги преку звучниците. Меѓутоа, она што требало да биде симпатична поп-ап изведба брзо се претворила во хаос. Полицијата се појавила и го растурила настанот пред 28-годишната пејачка воопшто да настапи.

„Полицајците беа известени за непланиран настан во парк. За концерт во њујоршки парк потребни се дозволи за звук и место, а учесниците го немаа ниту едното ниту другото. На организаторите им беше кажано дека нема да може да се одржи настапот и тие ја напуштија локацијата“ соопштија од „NYPD“.

Лорде сепак се вратила со изненадување

Лоре прозборе за ситуацијата, изјавувајќи: „Навистина сум воодушевена од тоа колкумина се појавивте. Но, ми велат дека мора да си заминете… Многу ми е жал“.

Многумина обожаватели не си заминале веднаш, а два часа подоцна, во 21 часот и 30 минути, Лорде се вратила заедно со продуцентот Блад Оринџ (Дејв Хајнс“, па заедно пееле и танцувале со звуците на новата песна „What Was That“.

Обожавателите се качувале по дрвја

„Вие сте неверојатни. Многу ве сакам“, им рекла пејачката на обожавателите, а некои дури и се качувале на дрвја за подобро да ја видат. „Се вратија чудните танци, се вративме!“, „Најдоброто нешто што сум го доживеал“ и „Песна на годината“, беа дел од коментарите на обожавателите под видеото од настапот.


Песната сè уште нема официјален датум на објавување, но Лорде изјави дека ќе излезе „наскоро“, а некои шпекулираат дека тоа би можело да биде веќе овој петок, 25-ти април.