[ФОТО] Со стилска комбинација и коктел во рака, Лила Филиповска го прослави 55-тиот роденден покрај море: „Не бројам години, ги бројам лекциите, победите, насмевките“

Точка

16/10/2026

09:34

433

Големина на фонт

а а а

Македонската водителка Лила Филиповска го прослави својот 55-ти роденден во опуштена атмосфера покрај море, споделувајќи со своите следбеници дел од моментите што го одбележале нејзиниот посебен ден.

Опкружена со блиски пријатели, со насмевка на лицето и со чаша во раката, Лила уживала во роденденското дружење исполнето со убави желби, здравици и позитивна енергија. Фотографиите што ги објави на социјалните мрежи откриваат дел од атмосферата, но и уште една нејзина впечатлива модна комбинација.


За оваа пригода, водителката избрала црн фустан од проѕирна тантела, кој го надополнила со кожна јакна и впечатлив накит. Комбинацијата на нежната чипка и рокерскиот карактер на кожата создал интересен спој на женственост, елеганција и бунтовен стил. Со внимателно избраните детали, Лила уште еднаш покажа дека црната боја и смелите модни комбинации се вистински избор кога сака да остави впечаток.


Наместо класична роденденска торта, свеќичките ги дувна на неколку колачи, а во галеријата со фотографии сподели и постари спомени со една од своите блиски пријателки, која, според објавеното, не била присутна на прославата.

Сепак, покрај роденденскиот изглед и убавата атмосфера, најголемо внимание привлече пораката со која Лила го одбележа својот 55-ти роденден. Во неа, таа откри дека годините не се она што го брои, туку животните лекции, победите, насмевките и луѓето што останале покрај неа низ годините.


„Денес ми е најубавиот ден, денес ми е роденден. И не, нема да пишувам долг пост (а и нема потреба покрај овакви слики).

Кратко ќе кажам денес не бројам години. Ги бројам лекциите, победите, насмевките, луѓето што вредат и што јас сум жената на мојот живот.

Јас го сакам животот и животот ме сака мене и максимално уживам во него! И дава Бог да знаете, треба само да посакате… да посакате со чисто срце.

Во моето срце има место за вас драги пријатели кои сте со мене сите овие години и оние кои ме држеа цврсто за рака кога беше најтешко!

Да сме живи и здрави и само здравје и љубов. Ве сака Ваша Лила“.