[ФОТО] Убавата милијардерка ги загрижи фановите: „Коски и кожа, дај ѝ нешто да јаде“

Точка

03/11/2026

08:00

1.390

Големина на фонт

а а а

Никола Пелц се потруди да го направи овогодишниот костим за Ноќта на вештерките навистина импресивен, а нејзиното најпредизвикувачко издание досега е инспирирано од Catwoman.

Актерката Никола Пелц (31)  се облекла во тесен кожен костим, по примерот на познатата хероина од стрипови. На фотографија што ја сподели на Инстаграм по повод празникот, таа позираше во црни ПВЦ панталони припиени за телото и тесен топ со долги ракави во иста боја.


Косата слободно ѝ паѓала во бујни бранови, а изгледот го комплетирала со мачкини уши, што беше доволно за трансформацијата да биде комплетна.

Нејзиниот сопруг, Бруклин Бекам, дополнително ја разгоре имагинацијата на следбениците, објавувајќи провокативна фотографија од својата сопруга. На неа, Никола држи чаша вино зад грб и носи црни кожни ракавици.

Тоа беше доволно за да бидат упатени негативни коментари кон Никола Пелц. Веќе некое време сите забележуваат дека актерката ослабела многу, првично тоа беше оправдано со потребите на улогата, но се чини дека сè повеќе работите излегле од контрола.


„Јади нешто“, „Само кожа и коски“, „Дај ѝ нешто да јаде“, „Ова веќе е загрижувачко“, „Премногу си слаба, се надевам дека тоа не ти беше целта“, биле само некои од коментарите под објавата.

Само два дена пред фотографиите од Ноќта на вештерките, Никола и Бруклин одбележаа важен момент во нивната врска – седум години љубов.


По тој повод, актерката објави серија интимни фотографии со својот сопруг на Инстаграм и му испрати емотивна порака.

„Среќна годишнина, љубов моја, мој најдобар пријателе, мое сè.“