Приказната за тоа како Доналд Трамп и Меланија се запознале, повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат фокусот не е само на нивната љубовна приказна.
Во далечната 1998 година, Трамп дошол на забавата во друштво на норвешката претприемачка Селина Миделфарт, а таа била негова придружничка пред да ѝ се приближи на Меланија. Нејзиното име денес повторно се споменува поради една необична епизода од приватниот живот на Трамп, но и поради интересната биографија на жена која го наследила семејниот козметички бизнис и изградила успешна бизнис кариера.

Доналд Трамп ја запознал Меланија во 1998 година на забава, каде што пристигнал во друштво на тогаш 26-годишната норвешка милионерка, претприемачка Селина Миделфарт. Сепак, Трамп набрзо го насочил вниманието кон друга жена. Тој го искористил моментот додека Селина била во бањата за да ѝ се приближи на Меланија, а двајцата наводно го поминале остатокот од вечерта заедно. Во тоа време, Трамп се разведувал од својата втора сопруга, Марла Мејплс.
Која е Селина Миделфарт?
Селина Миделфарт е норвешка претприемачка и наследничка која ја презела козметичката компанија „Midelfart & Co“ по смртта на нејзиниот татко. Подоцна ја продала компанијата, но продолжила да управува со семејната инвестициска фирма. Таа е и член на одборот на шведска банка.

Нејзиното име стана јавно и за време на судењето на Гислејн Максвел, соработничка на Џефри Епштајн. Миделфарт потоа преку своите адвокати изјави дека никогаш не била во романтична врска со Епштајн, туку дека само еднаш разговарала со него за можни деловни инвестиции.
Во истата изјава, нејзиниот однос со Доналд Трамп беше разјаснет. Според неа, двајцата се запознале уште во 1996 година, кога таа изнајмила еден од неговите станови во Њујорк и живеела таму две години. Нејзиниот адвокат потврди дека Миделфарт и Трамп често оделе заедно на забави и други социјални настани, но дека биле пријатели.

Селина Миделфарт денес има 53 години. Таа беше верена со норвешкиот претприемач Тор Олав Троим, со кого доби син во 2011 година. Нивната веридба подоцна беше раскината.








