Како две близначки: Мила Јовович ја покажа својата 19-годишна ќерка – сличноста е неверојатна

Точка

06/11/2026

08:31

820

Големина на фонт

а а а

Актерката и поранешна манекенка Мила Јовович ги разнежи своите следбеници со ретка фотографија од својата најстара ќерка Евер, која го прослави 19-тиот роденден.

Многумина веднаш забележале колку младата актерка личи на својата славна мајка, а гордата Мила ѝ посветила и емотивна порака

Мила Јовович (50), која публиката најдобро ја познава по филмскиот серијал „Притаено зло“ и култниот филм „Петтиот елемент“, на социјалните мрежи одбележа посебен семеен момент. Нејзината најстара ќерка Евер Андерсон го прослави 19-тиот роденден, а славната актерка по тој повод сподели нејзина фотографија и емотивна посвета.


Фотографијата уште еднаш покажа колку Евер личи на својата мајка, која и самата уште на многу млада возраст започнала успешна манекенска кариера. Но, освен впечатливата сличност, мајката и ќерката ги поврзува и љубовта кон глумата и модата.

Емотивна порака од гордата мајка

Мила во објавата на Инстаграм опиша колку е горда на личноста во која израснува нејзината ќерка.

„Среќен 19-ти роденден на мојата мала кралица Евер! Какво неверојатно животно патување си создала за себе!“, напишала таа на почетокот од роденденската честитка.

Во продолжение истакнала колку ѝ значи да ја гледа Евер како секојдневно учи, се развива и ги користи можностите што ѝ ги нуди животот.

Актерката признала и дека растењето на децата со себе носи родителски стравови, особено кога тие почнуваат самостојно да носат одлуки и да чекорат низ животот. Сепак, како што истакнала, зрелоста и снаодливоста на Евер ѝ влеваат доверба во нејзината иднина. Ќерката ја нарекла посебен дар кој ѝ донел љубов каква што не можела ниту да замисли пред нејзиното раѓање.


Иако штотуку зачекорила во светот на возрасните, Евер веќе има искуство пред камерите. По стапките на својата мајка, таа се испробала во глумата и манекенството, а на пошироката публика ѝ е позната по улогата на младата Наташа Романоф во филмот на Марвел „Black Widow“, како и по главната улога во филмот на Дизни „Peter Pan & Wendy“.

Нејзината кариера постепено се развива, а славната мајка не крие колку е горда на нејзините успеси.


Мајката и ќерката повремено заедно се појавуваат и на црвениот килим. Претходно оваа година го привлекоа вниманието на премиерата на филмот „Дракула“ во Лос Анџелес, на која пристигнале во модно усогласени комбинации.

Мила избрала црно мини здолниште, беж кошула и предимензионирана тексас јакна, додека Евер носела црно-бел фустан на риги со долги ракави и чизми од превртена кожа.


Со својата долга кафеава коса, прошарана со посветли прамени, младата актерка уште еднаш потсетила на својата мајка од времето кога таа ги правела првите чекори во манекенството.

Јовович и нејзиниот сопруг, режисерот Пол В. С. Андерсон, имаат три ќерки. Покрај Евер, тие се родители и на 11-годишната Дашиел и шестгодишната Осијан.


Парот се запознал за време на работата на филмскиот серијал „Притаено зло“, а се венчале во 2009 година.

Иако Мила со децении е присутна во Холивуд, таа настојува својот приватен живот да го држи подалеку од прекумерното медиумско внимание. Токму затоа нејзините семејни објави, особено оние посветени на ќерките, привлекуваат големо внимание.

Ако се суди според нејзините први актерски чекори и сè поголемото присуство во модниот свет, Евер би можела да ја продолжи семејната традиција, но и да изгради сопствен препознатлив пат.