Џони Деп се откажал од улогата на Џек во „Titanic“ бидејќи не можел да прочита 15 страници од сценариото: „Се мачев, беше ужасно“

Точка

07/11/2026

15:29

850

Големина на фонт

а а а

Улогата на Џек Досон во „Titanic“ најпрво му била понудена на Џони Деп, но тој се откажал откако се мачел да прочита петнаесетина страници од сценариото. Сепак, како што изјавил, знаел дека филмот ќе биде огромен хит.

„Titanic“ е еден од најуспешните филмови во историјата на кинематографијата, а претставува и пресвртница во кариерите на Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет. Денес е тешко да се замисли некој друг во улогата на Џек Досон, а малкумина знаат дека таа улога најпрво му била понудена на Џони Деп.


Како што пишува „Far Out Magazine“, една година пред премиерата, Деп добил можност да се запознае со сценариото на Џејмс Камерон и да ја разгледа главната улога.

„Се мачев да прочитам петнаесетина страници од сценариото за „Titanic“. Беше ужасно. Мислам, не можев да издржам“, изјавил тој во една пригода.


Актерот брзо се откажал од проектот. Интересно е што, и покрај лошиот впечаток што го оставило сценариото врз него, бил свесен за потенцијалот на филмот.

„Знаев дека „Titanic“ ќе биде огромен хит“, истакнал Деп.

Сепак, тој не бил единствениот актер чие име се споменувало за оваа улога. Меѓу имињата што се поврзувале со проектот биле и Метју Меконахи, Итан Хок, Крис О’Донел, Кристијан Бејл и Пол Рад.