„Твоето тело е храм, а моето е бордел“: Актерката искрено за зависноста од секс и бурните љубовни врски – „Тоа беше како бездна без дно, без ненаситна“

Точка

04/11/2026

17:59

1.998

Големина на фонт

а а а

Аналин Мекорд, актерката што публиката ја запозна како Наоми Кларк во серијата „90210“, со години се шегувала дека туѓото тело е храм, а нејзиното бордел. Кога во поткастот „Braving the Way with Dr. Fletch“ зборувала за она што се криело зад оваа шега, го опишала периодот во кој сексот, како што самата вели, од задоволство прераснал во зависност.

„На луѓето им велев: ‘Да, твоето тело е храм, а моето е бордел’. На таа тема имав морбидна смисла за хумор. Можев да имам секс по цел ден, секој ден, без никогаш да се изморам. Никој не можеше да ме следи“, раскажала Мекорд.


Со Доминик Персел открила што ѝ причинува задоволство

Додека сè уште глумела во серијата „90210“, Мекорд започнала врска со Доминик Персел, ѕвездата на серијата „Prison Break“. Нивната врска започнала во 2011 година и траела со години, со прекини и помирувања. Како што раскажала, покрај Персел открила колку ужива во сексот, а во тој период започнала да ги истражува и врзувањето и играњето улоги. Во својата куќа во Лос Анџелес имала дури и челичен кревет направен за врзување. Кога зборувала за тоа зошто тој период го опишува како зависност, го издвоила чувството дека никогаш не ѝ било доволно.


„Не се дрогирав, ниту пиев алкохол, ми беше потребен само секс. Тоа беше како бездна без дно. Бев ненаситна“, рекла актерката.

Нејзината зависност од секс отишла дотаму што во својот дом во Лос Анџелес имала челичен кревет за врзување и опремила простор што го нарекувала „сексуална зандана“.

„Бев врзана за креветот во занданата, свртена кон ѕидот, а тој беше зад мене. Тој прекрасен човек... со него се чувствував толку слободно“, рекла таа.

„Тоа беше најдобрата година во мојот живот“

Во истиот разговор Мекорд се присетила и на врската со познат маж чие име не сакала да го открие. Биле заедно една година. Според нејзините зборови, тој ѝ рекол дека бил предупреден оти би можел да заврши на црната листа во актерските кругови доколку продолжи да се гледа со неа. Актерката подоцна дознала и дека за време на нивната врска тој бил во контакт со други жени. Таа вели дека била подготвена да му прости.


„Сакав да бидам со него. Една година имавме неверојатна врска, тоа беше најдобрата година во мојот живот. Потоа дознав дека цело време бил во контакт со други жени. Сепак, тоа сознание не ја избриша сета радост и среќа што ги доживеав. Тогаш им реков на пријателите: ‘Повеќе не верувам во моногамија’“, раскажала таа.

И нејзиниот сопруг отворено зборувал за зависноста од секс

Кога нејзината врска со поранешниот англиски рагбист Дени Сипријани стана јавна во 2024 година, Мекорд веќе се посветила на медитацијата и духовноста. И Сипријани зборувал за зависноста од секс. Раскажал дека знаел да спие со три жени дневно и дека сексот му бил потребен како што на алкохоличар му е потребен пијалак.


Две години подоцна, на 22 август 2026 година, се венчале во дворот на својот дом во Лос Анџелес.