[ФОТО] „Не ти пречи што имам 15 години?“: Фудбалер од Премиер лигата во педофилски скандал

Точка

09/05/2026

19:05

610

Големина на фонт

а а а

Англискиот Борнмут покрена интерна истрага против младиот шпански фудбалер Алекс Хименез, по тврдењата дека преку социјалните мрежи испраќал непримерни пораки на 15-годишна девојка.

Според наводите на британските медиуми, 21-годишниот десен бек наводно разменувал пораки со ученичка, но засега нема информации ниту докази дека тие двајца некогаш лично се сретнале.

Во наводните преписки објавени на социјалните мрежи и во англиските медиуми се гледа како девојчето го предупредило Хименез за својата возраст, што нему, наводно, не му пречело.

„Не ти пречи што имам 15 години?“, го прашало девојчето, на што тој одговорил дека и онака сака „помлади девојки“.

Клубот од Премиер лигата потврди дека е запознаен со содржината што кружи на социјалните мрежи и дека случајот во моментов е предмет на интерна истрага. Поради сето тоа, Хименез е изоставен од составот за важниот дуел против Фулам.


Во соопштението на Борнмут е наведено дека се запознаени со објавите и дека поради тоа фудбалерот е суспендиран.

„АФК Борнмут е запознаен со објавите што кружат на социјалните мрежи, а се однесуваат на Алекс Хименез. Клубот сериозно му пристапува на овој случај и во моментов спроведува истрага. Како резултат на тоа, Алекс нема да биде во конкуренција за следниот натпревар против Фулам, а клубот во овој момент нема да дава дополнителни коментари“.


Хименез е член на младата репрезентација на Шпанија до 21 година, а кариерата ја започнал во младинскиот тим на Реал Мадрид, пред да премине во Милан.

Во Борнмут пристигнал на едногодишна позајмица со задолжителен откуп на договорот на крајот од сезоната. Во текот на оваа сезона се наметнал како еден од стандардните играчи во екипата на тренерот Андони Ираола, забележувајќи 32 настапи во сите натпреварувања.


Особено се истакнал со голот против Ливерпул во големата победа на Борнмут со резултат 3:2.

Според претходните информации, Борнмут налето би требало да ја активира клаузулата за откуп на неговиот договор од Милан и трајно да го доведе на стадионот „Виталити“.