[ФОТО] Моќта на социјалните мрежи: Алиша Леман прогласена за фудбалерка на сезоната, а постигнала само еден гол

Точка

08/05/2026

20:19

547

Големина на фонт

а а а

Алиша Леман (27) е избрана за фудбалерка на сезоната во Лестер Сити, иако започнала само пет натпревари и постигнала еден гол во текот на целата сезона.

И тоа е можно. Најголемата ѕвезда на женскиот фудбал, која со години ја нарекуваат и најсексапилна фудбалерка во светот, ја добила најголемата поддршка од навивачите и е избрана за најдобра играчка на сезоната во Лестер.

Ништо тука не би било чудно да не станува збор за напаѓачка која во текот на целата сезона успеала да постигне само еден гол. Како стартер одиграла само пет натпревари откако во јануари преминала во овој клуб.

Швајцарската ѕвезда постигнала само еден гол во девет настапи во женската Премиер лига, додека „лисиците“ испаднаа од лигата.


Уште поинтересно, Леман го загубила секој натпревар што го одиграла за Лестер, но навивачите сепак ја избрале за своја најдобра фудбалерка.


Таа ја освоила и наградата за женски гол на сезоната во клубот за својот единствен погодок против поранешниот тим Астон Вила во март. Откако пристигнала во овој клуб, одиграла само 415 минути.


Иако достигнувањата на теренот никако не ѝ одат во прилог на 27-годишната Швајцарка, очигледно е дека популарноста на социјалните мрежи одиграла пресудна улога.