Понуда што не се одбива – Рафиња си оди од Барселона

Макфакс

04/05/2026

12:56

546

Големина на фонт

а а а

Барселона би можела да остане без бразилскиот напаѓач Рафиња во летниот преоден рок. На „Ноу Камп“, добиле понуда од Саудиска Арабија што клубот, доколку фудбалерот се согласи нема да ја одбие.

Три клуба од Саудиска Арабија покажале сериозен интерес за Рафиња, а понудата во Барселона ја презентирал еден од највлијателните фудбалски менаџери, Пини Захави.

Понудата за 29-годишниот Бразилец изнесува 90 милиони евра.

Рафиња, доколку ја прифати понудата, би добил нето плата на годишно ниво од 30 милиони евра, што е три пати повеќе од неговата бруто плата во Барселона.

Рафиња пристигна во Барселона во 2022 година од Лидс, за сума од 58 милиони евра. Претходно играше за Спортинг, Рен и Виторија Гимараеш.

Досега има одиграно 175 натпревари постигна 73 гола и имаше 59 асистенции.