Ѓоковиќ елиминиран во Рим

Макфакс

08/05/2026

21:03

436

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ се врати по пауза од 57 дена и го одигра најлошиот Мастерс во Рим, во својата кариера, бидејќи беше поразен за прв пат во својот прв натпревар на тој турнир. Дино Прижмиќ беше подобар во три одиграни сета.

Прижмиќ го победи Ѓоковиќ по повеќе од два часа рововска борба, 2:6, 6:2, 6:4.

Ова беше првата победа во кариерата на Хрватот против Ѓоковиќ, во вториот натпревар по оној во Австралија во 2024 година. Исто така и неговата најголема победа во кариерата.

Новак загуби од хрватски тенисер на земјена подлога за прв пат во својата кариера (имаше скор од 8-0). Ова за Ѓоковиќ беше лоша увертира пред Ролан Гарос, бидејќи веднаш по поразот потврди дека нема да ја брани титулата на турнирот од серијата 250 во Женева.

Првите два сета беа практично пресликани, само на различни страни.

Прижмиќ го почувствува притисокот од играњето против најголемиот на сите времиња и влезе премногу импресиониран. Ѓоковиќ играше колку што требаше. Не беше брилијантен, далеку од тоа, но не беше ни лош. Од 2:2 нанижа четири гема и за 40 минути поведе со 1:0.

Прижимиќ во вториот сет ја зголеми агресивноста, ризикуваше со ударите и експресно дојде до 4:0.

Покрај тоа, српскиот тенисер имаше некакви физички проблеми – со стомакот, желудникот, дишењето или нешто друго – и тоа јасно можеше да се види практично во секој поен.

Тој ги скратуваше поените, обидувајќи се да ги прочита ударите на противникот за да не се троши премногу, и изгледаше крајно летаргично. Успеа да освои два гема,, а хрватскиот тенисер изедначи на 1:1.

Во решавачкиот сет, клучен беше брејкот на Прижимиќ во петтиот гем.

На крајот, Прижмиќ заслужено ја извојува својата прва победа во кариерата над Новак Ѓоковиќ во вториот меѓусебен натпревар, и се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим.

Следниот ривал за 20-годишниот Хрват ќе биде подобриот од дуелот меѓу Коприва и Амбер.