Снимката од незгодата на албанската водителка Ева Мурати стана вирална

Точка

07/05/2026

16:37

1.467

Големина на фонт

а а а

На албанската телевизиска водителка Ева Мурати ѝ се случи мала незгода за време на пренос во живо од натпревар во Лигата на шампионите. На популарната водителка среде емисија ѝ падна чевелот со висока потпетица од ногата, а снимката брзо се прошири на интернет.

30-годишната Мурати, поради која Албанците не ги пропуштаат натпреварите од Лигата на шампионите, седела во студиото кога, лежерно поместувајќи ја ногата, останала без чевелот.

Моментот стана вирален откако турски портал сподели исечок на социјалната мрежа „X“ со опис:

„Ева Мурати и моментот кога ѝ падна чевелот за време на преносот на УЕФА Лигата на шампионите.

Случајно или намерно?

Сепак, многу гледачи веднаш се посомневаа дека станува збор за намерен потег.

„Ако таа не глуми, тогаш јас ништо не знам“, напиша еден корисник.

Друг се согласи:

„Не ѝ падна, намерно го соблече, паметна е таа.“

Во дискусијата се вклучија и други коментатори.

„Ова го прави намерно“, се пошегува еден корисник, додека друг истакна:

„Постои специјална камера само за нозете, ова изгледа како некаква шега.“


Едно од најпрепознатливите лица на спортската програма

Мурати во последните години стана едно од најпрепознатливите лица на спортската програма посветена на европскиот фудбал.

Таа течно зборува повеќе јазици и изгради репутација на образована и самоуверена водителка, а покрај телевизиската кариера се занимава и со манекенство.

Исто така, има голем број следбеници на социјалните мрежи, а на „Instagram“ ја следат повеќе од 1,4 милиони луѓе.

Вниманието на јавноста првпат го привлекла како тинејџерка, кога се појавувала во реклами. Подоцна преминала на телевизија и од 2017 година ги води преносите од Лигата на шампионите за албанската телевизија „Tring TV“.

Споменатата незгода се случила синоќа во емисијата пред победата на Арсенал над Атлетико Мадрид со 1:0. „Топчиите“ со таа победа и вкупен резултат од 2:1 обезбедија пласман понатаму.