Златан Ибрахимовиќ сподели фотографија на социјалните мрежи со легендата на американскиот фудбал Том Брејди, на која можеше да се види како квотербекот држи машинка за шишање, додека на Златан му недостасува голем дел од косата на главата. Сите помислија дека станува збор за вештачка интелигенција, но …
Шишањето „на нула“ на Златан Ибрахимовиќ веројатно чини вистинско богатство, иако легендарниот фудбалер е подготвен на сè за повторно да биде во центарот на вниманието.
Сепак, како и секогаш, и ова било дел од маркетиншки трик.
Познатата телевизиска мрежа „FOX Sports“ сними промотивен спот пред Светското првенство, со вистинска ѕвездена постава, со која ќе го следи Мундијалот.
Во студиото за време на турнирот ќе бидат Брејди и Ибрахимовиќ, а друштво ќе им прават и Брус Арена, поранешен селектор на американската репрезентација, како и хокеарската легенда Мајк Ерузионе. Сите тие се појавуваат во раскошната рекламна кампања на „FOX“.
Додека во позадина се слуша песната „Impossible Dream“ од Елвис, рекламниот спот сугерира дека чуда се можни – па дури и Соединетите Американски Држави да го освојат Светското првенство.
Things we never thought we would see 😂
— 005 (@TheGoat1joe) May 4, 2026
The latest FOX Sports World Cup promo shows Tom Brady cutting Zlatan Ibrahimović’s hair after the USMNT won the 2026 World Cup 👀🇺🇸 pic.twitter.com/WufRfE3ILR
„Златан е одличен лик и навистина многу се забавував снимајќи ја оваа реклама. Сите ќе го гледаат Светското првенство следното лето и едвај чекам да видам што може нашата американска репрезентација да направи против најдобрите во светот“, изјави Том Брејди.
Во текот на рекламата и сцената со шишањето, можеше да се слушне и разговорот меѓу двете легенди, при што беше кажано дека Златан и понатаму е неодолив, а Брејди му одговори дека не е.
Од четврток, 11 јуни, до недела, 19 јули, „FOX Sports“ ќе пренесува 104 натпревари од турнирот во живо.















