Челси доживеа убедлив пораз од Манчестер Сити во вчерашното дерби и тоа откако се распадна во второто полувреме .
Поразот од 3-0 ја стави екипата во уште потешка позиција во трката за Лигата на шампионите, сега имаат четири бода помалку од Ливерпул и седум од Астон Вила на шест кола до крајот. Ако на ова се додаде и моменталната форма, петте порази на последните шест натпревари (сите конкуренции), период во кој беше совладан само нисколигашот Порт Вејл, ова јасно говори дека „сините“ се во незавидна ситуација во клучен дел од сезоната.
Гери Невил смета дека проблемот на Челси е внатрешен и искритикува двајца играчи Енцо Фернандес и Марк Кукурелја за потезите, изјавите кои ги имаа во изминативе седмици.
-Ова е мачење, а на тоа се додава и лошата дисциплина на Енцо Фернандез и Кукурелја, кои зборуваа отворено во последните неколку недели. Како фудбалер во соблекувална, што мислат останатите нивни соиграчи? Кога зборуваш како што зборувале тие, тоа е сосема себично. Не му помага на твојот менаџер кој е млад и неискусен. Не им помага на твоите соиграчи. Не им помага на навивачите затоа што мислат дека си незадоволен.
-Во период кога треба да се смирите, штотуку сте испаднале од Лигата на шампионите и сте биле поразени од ПСЖ, што не е срам, тие се добар тим. Потребно е сите да се смират и да останат во тој режим на цврстина. Кога ги имате двајцата искусни играчи што ги имаат, тие покажуваат незадоволство и велат дека претходниот менаџер бил добар и дека ни се допаѓал, а не сте сигурни зошто тоа се променило. Се согласувам дека мора да има последици.
-Она што го направија е да кажат дека треба да ја имате камерата на себе против Манчестер Сити, додека сите знаат дека сте биле недисциплинирани. Тоа не може да биде од помош. Проблемот е што тие играчи сè уште одат во соблекувалната и имаат влијание и ако се лутат и го критикуваат клубот, мислам дека ќе имаат тежок крај на сезоната.
-Мислам дека Челси ќе остане без пласман во ЛШ. Мислам дека ЧелСи ќе го пропушти тоа поради она што се случи во последните неколку недели, -истакна Невил.











