Баварците внимателни пред реваншот со Реал: Точно знаеме против кого играме…

Дерби

13/04/2026

15:08

140

Големина на фонт

а а а

Ова е седмица во која ќе ги добиеме полуфиналните парови во Лигата на шампионите, фаза во која ќе има место само за една од екипите на Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Баварците славеа на „Бернабеу“ и се во блага предност пред реваншот, меѓутоа истата е само еден гол што значи дека се е отворено. Реал е исклучително незгоден тим во ова натпреварување, клуб кој знае да направи чудесни пресврти кога игра во ЛШ и за тоа многу добро се свесни во таборот на бундеслигашот.

Двајца играчи кои долго време се на сцената Леон Горецка и Џошуа Кимих ги предупредија соиграчите и јасно порачаа дека мора да останат максимално фокусирани ако сакаат да ја довршат работата во овој двомеч.

-Не ни треба никој да нè предупредува. Точно знаеме против кого се соочуваме и каква е природата на натпреварот што ќе го играме. Во првиот натпревар видовме колку брзо создаваат шанси, па затоа никој не треба да нè предупредува; ние веќе знаеме, -истакна Горецка.

-Не е важно како кралевите претходни играле. Кога станува збор за Лигата на шампионите, Реал Мадрид секогаш ја подобрува својата игра, -порача Кимих.

Средбата во Минхен е закажана за в среда од 21 часот.