Деко: Не знам дали ќе останам во Барселона…

Дерби

13/04/2026

14:25

209

Големина на фонт

а а а

Деко некое време ја извршува функцијата спортски директор на Барселона и тоа во период во кој клубот продолжува да има финансиски проблеми и да биде лимитиран кога се во прашање потезите на пазарот.

Каталонците мора да бидат внимателни, да влечат потези без да биде направена некоја грешка и засега тоа функционира со тоа што голем плус за клубот е школата која беше максимално искористена во овој период, изминати години за да се побараат, пронајдат засилувања.

-Тимот се консолидира како конкурентен тим. Победата е последица. Денес успеавме да го обновиме тимот за да може да се бори за титулата против силен Реал Мадрид, силен Атлетико Мадрид и против европски клубови кои потрошија повеќе од нас во последните години. Исто така, имаме среќа што имаме млади играчи кои се консолидираа, донесоа правилни одлуки во однос на потписите, и имаме тим кој може да се натпреварува и мислам дека тоа е она што го правиме, -вели Деко кој не знае дали ќе го истера целиот нов мандат со Жоан Лапорта како претседател.

-Последните два месеци беа сложени, но успеавме да го држиме тимот подалеку од сето тоа (драма околу изборите). Жоан Лапорта победи и има уште пет години на функцијата за да го консолидира проектот што се спроведува. Многу е тешко да се прават долгорочни планови на тој начин. Имам личен проблем кој секогаш ќе ми биде најважен: семејството. Да видиме како ќе ми оди животот. Денес сме среќни во Барселона. Веројатно имаме петгодишен мандат. Не знам дали ќе останам со Лапорта пет години бидејќи треба добро да работам секоја година за работите да продолжат, -заклучни некогашниот ас на шпанскиот великан.