Гвардиола го најави дербито: Мечот со Арсенал е финале…

Дерби

13/04/2026

14:27

192

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити успеа да слави на незгодното гостување во Лондон кај Челси и тоа победа од 3-0 со која значајно си ги зголеми шансите за титулата во Премиер лигата.

Арсенал се уште е во предност на табелата, меѓутоа во моментов Сити има се во свои раце, поточно одлучува за својата ситуација во трката за пехарот затоа што веќе во следното коло ги пречекува „топчиите“ на „Итихад“, плус има заостанат меч со Кристал Палас, па со две победи ќе биде на делба на првото место.

Меѓутоа едно е што е на хартија, а друго е да се одработи на терен и за тоа многу добро е свесен Пеп Гвардиола кој во свој стил го најави дербито закажано за 19 април.

-Арсенал е финале. Но, не ми кажувајте дека Брентфорд [на 9 мај] ќе биде лесен. Ќе играме против тим [Арсенал] кој во 49 натпревари загуби три натпревари, во Лигата на шампионите не загуби ниту еднаш. Во финалето на Карабао Купот, бевме целосни аутсајдери – немаше ниту еден човек во оваа земја што се обложил на 1 фунта дека ќе бидеме многу подобри. Можеби сега е малку поинаку.

-Почитта што ја имам кон Арсенал, она што го направија во последните неколку години. Го познавам менаџерот, играчите, квалитетот, како се натпреваруваат во секоја околност, тоа е најголемата работа што ја имаме. Тие се најдобриот тим во оваа земја, во Европа, досега. Да се ​​победи Арсенал еднаш е толку тешко – замислете да ги победите двапати за неколку недели.

-Минатото беше нешто уникатно, но ние растеме. Имаме долги недели откако сме надвор од Лигата на шампионите, но сме посвежи и на тренинг, секој точно знае што треба да направи, -порача Шпанецот.