Овен го посочи својот фаворит во трката за пехарот во ПЛ: Имаат потешки натпревари…

Дерби

13/04/2026

10:17

183

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити го совлада Челси со 3-0 и на најдобар можен начин го искористи големиот кикс на Арсенал против Борнмут на „Емирејтс“.

Меѓутоа и покрај овој пораз „топчиите“ се лидери во Премиер лигата со плус шест во однос на „граѓаните“ со тоа што клубот од Манчестер има заостанат меч со Кристал Палас, плус ќе го пречека Арсенал во дербито во наредната рунда и во некое идеално сценарио за нив може да има подеднаков број на бодови со ривалот од Лондон.

Како и да е повеќе од јасно е дека се ражестува борбата за круната во Англија, а легендарниот Мајкл Овен го откри својот фаворит.

-Мислам дека Манчестер Сити има малку потешки натпревари. Го имаат Борнмут во гости, го имаат Евертон во гости. Тоа се два тешки натпревари. Сепак, кога ќе го погледнете овој викенд, мислевме дека Арсенал игра дома против Борнмут, а Сити на гости против Челси.

-Сè укажува на Сити, моментумот, рекордот на Пеп Гвардиола, искуството на играчите, моменталната форма, Сити дома против Арсенал. Ова е фрлање паричка, но мислам дека Арсенал на крајот ќе успее, -вели Овен и додава:

-Морам да кажам дека го бранам Арсенал пред многу луѓе кои секогаш велат дека „лизгаат“.Дали е така? Се сеќавам кога Манчестер Сити ја освои Премиер лигата за прв пат пред многу време, беа трети и втори и се приближуваа сè повеќе. Ливерпул неколку пати беше втор. Мораш да одиш постепно за да ја освоиш лигата.

-Само Лестер се појави од никаде. Ако не ја освојат оваа година, мојата теорија паѓа во вода. Арсенал игра добро во последните години, се е поблиску до целта, -заврши Овен.