Тотенхем продолжи да тоне во Премиер лигата или поточно беше забележан нов пораз и тоа од Сандерленд од 1-0.
На „петлите“ не им помогна ниту новиот менаџер Роберто Де Ѕерби и сега овој тим останува без лигашко славје 105 дена со тоа што по ова 32. коло е во зоната за испаѓање на шест рунди до крајот.
Според Де Ѕерби не е во прашање квалитетот на играчите, екипата туку самодовербата која е на ниско ниво и една победа може да промени доста работи.
-Можам да бидам постар брат, татко, не им треба тренер. Тие не треба да го подобруваат фудбалот. Тие можат да играат подобро и ќе играат подобро откако ќе достигнеме различно ниво на самодоверба. Мојата работа не е толку на теренот бидејќи тие се добри момци и ми е жал за нив. Сакам да им дадам самодоверба во она што им е потребно.
-Не заслуживме да го загубиме натпреварот. Одигравме добар натпревар, можеби не доволно за победа, но немавме среќа во неколку ситуации во првото полувреме. Не можам ништо да им кажам на играчите бидејќи дадоа се од себе во однос на ставот и духот. Сигурно можеме да играме подобро и можете да се чувствувате подобро. Мораме да работиме на тоа.
-Тактички, одигравме добро прво полувреме. Со топка и без топка. Немаме самодоверба да играме одличен фудбал, но го направивме она на што работевме оваа недела. Играчите можат да играат подобро ако се чувствуваат самоуверено. Апсолутно, сигурен сум дека ако успееме да победиме на натпревар, тогаш сè ќе се промени, -заклучи Италијанецот.
Клубот од Лондон во следното коло е домаќин на Брајтон, тим кој е во налет и има пет победи на последните шест средби во ПЛ.








