Македонија од четвртиот шешир ја чека ждрепката во Катовице

Дерби

13/04/2026

14:28

130

Големина на фонт

а а а

Македонската женска ракометна репрезентација по третпат во низа обезбеди пласман на голем турнир, Европското првенство кое на крајот на годинава ќе се одржи во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

Остварениот триумф над Белгија се покажа како доволен за нашиот национален состав да се пласира на ЕП и тоа како една од четирите најдобро третопласирани селекции во групите.

Ова ќе биде огромен предизвик за избраничките на Грчевски кои ривалите за шампионатот ќе до дознаат на 16 април во 18 часот..

Во Катовице ќе биде извршена ждрепката, а Македонија е сместена во последниот четврти шешир заедно со Хрватска, Србија, Исланд, Украина и Грција.

Прелиминарните групи ќе се играат во шест различни градови – Орадеа и Клуж (Романија), Анталија (Турција), Брно (Чешка), Катовице (Полска) и Братислава (Словачка).

БАРАБАНИ ЗА ЖДРЕПКАТА

1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија

2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка

3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови

4: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција