[ВИДЕО] Неверојатна ситуација, „мајсторија“ која ќе се врти: Во Парагвај падна најчудниот гол во оваа сезона

Дерби

13/04/2026

13:36

283

Големина на фонт

а а а

Јужна Америка секогаш носи посебни моменти кога е во прашање фудбалот, дали е тоа на теренот, трибините, случувања надвор од стадионите…има материјал кој е вреден да одбележување.

Токму од првенството на Парагвај и тоа од елитната конкуренција ни дојде една неверојатна ситуација при која падна најчудниот гол во ова сезона.

На средбата меѓу Рубио Ну и Олимпија Асунсион славеа гостите со 2-0, а токму вториот гол кој значаше потврда на трите бода е момент кој ќе се врти и прераскажува.

Олимпија доби пенал, одговорноста ја презема Фереира, но голманот Фракеда ја прочита неговата намера. Ама од овде тргна потегот кој ќе се врти, домашниот играч Мартинез прв дојде до одбиената топка и во обидот да расчисти, тој со силен удар го погоди Фереира и топката завршни во мрежата.