[ВИДЕО] Јокиќ испиша историја во НБА лигата, познати се паровите за плејоф фазата

Дерби

13/04/2026

10:22

455

Големина на фонт

а а а

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата и тоа откако рано утрово низ арените беа активни сите 30 екипи.

Со ова се стави крај на првата фаза од 82 натпревари или поточно сега следи она вистинското плејоф фазата со тоа што претходно да се комплетираа сите двојки на Истокот и Западот ќе минеме низ плејин делот во кој се активни по четири екипи од двете конференција.

Од она што е најзначајно од последниот ден од регуларниот дел е фактот дека Никола Јокиќ испиша нова страница во историјата на НБА лигата. Тој беше активен на соочувањето со Сан Антонио Спарс и за 18 минути на паркетот уфрли 23 поени со 8 скока и 1 асистенција.

За него ова воедно беше и 65 сезонски меч со што се квалификуваше за индивидуалните награди. Српскиот центар ја заврши сезоната со просек од 27,8 поени, 12,9 скока и 10,9 асистенции, односно стана прв кошаркар во историјата кој истовремено е лидер во две клучни статистички категории – скокови и асистенции.

Што се однесува до двојките за плејофот, Детроит Пистонс и Бостон Селтикс како најдобри на Истокот допрва ќе ги добијат ривалија по плејин рундата, истото важи и за Оклахома Сити Тандер и Сан Антонио Спарс на Западот.

Од она што е официјализирано, Њујорк Никс ќе се соочи со Атланта Хокс, Кливленд Кавалирс со Торонто Рептрорс, Денвер Нагетс со Минесота Тимбервулвс и Лос Анџелес Лејкерс со Хјустон Рокетс.

РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Орландо 113-108, Кливленд – Вашингтон 130-117, Индијана – Детроит 121-133, Мајами – Атланта 143-117, Њујорк – Шарлот 96-110, Филаделфија – Милвоки 126-106, Торонто – Бруклин 136-101, Далас – Чикаго 149-128, Хјустон – Мемфис 132-101, Минесота – Њу Орлеанс 132-126, Оклахома – Финикс 103-135, Сан Антонио – Денвер 118-128, Лејкерс – Јута 131-107, Клиперс – Голден Стејт 115-110, Портланд – Сакраменто 122-110.