Според најновите истражувања, Виетнам, повторно е оценет како една од најповолните земји за живот, благодарение на ниските трошоци за живеење, храна и секојдневните активности со што го потврдила и младата Британка Кејси.
Кејси одлучила да ја напушти Велика Британија и се преселила во оваа азиска земја која ја опишува како идеално место за нов почеток.
На социјалните мрежи го споделила своето искуство, тврдејќи дека е можно да се живее со околу 300 фунти месечно (околу 345 евра), што предизвикало големо внимание и бројни реакции.
Виетнам е четврти пат по ред на врвот од листата кога станува збор за пристапноста на животот. Дури 86 отсто од испитаните странци позитивно ги оценуваат трошоците поради што оваа дестинација ги привлекува дигиталните номади и луѓето желни за промени.

Живот во приморски град
Кејси моментално престојува во Да Нанг, градот познат по долгите песочни плажи и опуштена атмосфера. Станот го дели со партнерот, а киријата по лице изнесува околу 245 фунти месечно.
Како што наведува, оброк во локален ресторан може да се пронајде за една фунта, додека пак западните јадења се поскапи, но и значајно поевтини од други места во Европа.
Во едно од своите видеа на ТикТок, таа го поставила прашањето на следбениците дали знаеле дека е можно да се живее во Виетнам со толку скромен буџет. Исто така советувала дека сместување бара преку Фејсбук Маркет затоа што цените се пониски отколку на останатите страници.
Ниски трошоци во секојдневието
Освен храната и киријата и другите услови се поволни. Возењето со такси чини околу три фунти, додека пак масажа може да си дозволите за 10-на фунти неделно. Излет, спорт и други активности главно се движат меѓу 20 и 30 фунти неделно.
Нејзината објава за кратко време станала вирална и добила околу 1,4 милиони прегледи.

Реакциите биле поделени, додека едни биле воодушевени од информациите за пристапноста на животот, други изразиле чудење дека популарноста би можела да ја смени мирната атмосфера на оваа земја.















