Оваа фотографија се шири по социјалните мрежи како пожар и ги остава луѓето во неверување! Додека едни го гледаат она што се нуди како решение – човек со издолжено, влакнесто вратче, други признаваат дека ништо не им е јасно.
Бројни корисници на социјалните мрежи признаа дека со часови се обидувале да погодуваат што всушност гледаат, но без успех.
Потоа некој ја пронашол оригиналната фотографија – комплетна, и брзо станало јасно за каква оптичка илузија станува збор, пренесува „Daily Mail“.
Бистабилна перцепција
На фотографијата всушност гледаме маж кој ја ставил раката во џебот на беж панталони. Она што на многумина им изгледало како „ѓердан“ всушност е неговата нараквица!
„Чекај. Ова е рака во џеб? Со часови не можев да разберам“, напиша една личност, а друга се надоврза: „Моите очи одбиваат да веруваат дека е нешто друго освен долго, тенко, влакнесто вратче“.
Експертите објаснуваат дека станува збор за таканаречена бистабилна перцепција – феномен при кој иста фотографија може да се доживее на два целосно различни начини.
Ги збунува нашите мозоци
Нашиот мозок, додека го набљудува светот околу себе, постојано одлучува што е објект во прв план, а што е позадина.
Бистабилните слики го нарушуваат овој процес затоа што ги отстрануваат визуелните индикации кои нѝ помагаат да ги разликуваме тие елементи.
Во овој случај, необичната перспектива го тера набљудувачот да гледа или тенок, влакнест врат – или рака во џеб.










