Ако барате промена на пејзажот и сакате да уживате во зеленилото, постои можност да се преселите во живописен град во Швајцарија за 70.000 евра.
Доколку сакате промена на околината и живот опкружен со недопрена швајцарска природа, постои можност да се преселите во живописното планинско гратче Албинен и да добиете дури 70.000 евра за тоа.
Јутјуб каналот „Yes Theory“ се обиде да го разјасни тоа што ги интересира многумина, во што е поентата во целата приказна?

Видеото го следи патувањето на Томас Браг и Стефан Тејлор до Албинен. Ним им се придружил и Шон, познат како г-дин Вајлденфри, кој претходно коментирал на една од нивните снимки.
За време на нивниот престој, тие забележале дека местото е исклучително убаво, но и доста пусто. Во разговор со еден жител, дознале дека програмата за финансиска поддршка за нови жители сè уште постои.
Кои се условите
Иако Албинен изгледа како идилично место за живеење, неговата изолација претставува предизвик. Градскиот совет добил повеќе од 10.000 апликации, но преселбата не е ниту едноставна ниту безусловна. Сепак, нема измама, за некој да го оствари правото на субвенција од 70.000 евра, потребно е да инвестира најмалку 200.000 евра во недвижности на тоа место.
Многу дрвени куќи во Албинен датираат од 17 и 18 век, а местото е вклучено меѓу заштитените споменици на Швајцарија. До шеесеттите години од минатиот век, немало патна врска со градот, а во текот на зимата често бил отсечен поради снег. Во минатото, земјоделството било клучот за опстанок, но поради неговото опаѓање, голем број жители се иселувале.
Затоа, во 2017 година, градскиот совет започнал програма за субвенции со цел да привлече лица под 45 години. Кандидатите мора да изградат или реновираат куќа во вредност од најмалку 200.000 евра, да живеат во местото најмалку десет години и да имаат швајцарско државјанство или дозвола за постојан престој.

Како изгледа секојдневниот живот?
Живеењето во Албинен значи приспособување на мирен, рурален начин на живот. Во градот нема училиште ниту банка, вози само еден автобус на час и има само еден бар кој служи и како продавница.
Жителите се сретнале со познати Јутјубери за време на снимањето, а локалните власти потврдиле дека програмата е сè уште активна. Сепак, животот носи и одредени ризици, од стрмни и потенцијално опасни скали до опасности од пожар од печки на дрва.
Со вкупно население од 262 жители, Албинен се надева дека популарноста на социјалните медиуми и промоцијата преку каналот „Yes Theory“ дополнително ќе го зголемат интересот за преселба во ова мало планинско гратче.












