Катјајани Шукла од Индија е експертка за технологија и управување со податоци. На социјалната мрежа X го сподели своето искуство со пронаоѓање работа.
Имено, прераскажувајќи разговор со извршната директорка на една компанија, без да наведе за која компанија станува збор, истакна дека директорката ја прашала да наведе една добра причина зошто не треба да ја вработи.
„Ѝ одговорив дека не сум подготвена да одговорам и дека ми треба време да размислам за тоа. Ми рече: ‘Во ред е. Само вети ми дека ќе ми одговориш по е-пошта’. Искрено, мислев дека ќе заборави. Но, неколку часа подоцна, повторно се јави, барајќи одговор. Малку размислив за тоа, напишав одговор и го испратив. А денес ја добив работата“, тврди Шукла.
During my last job interview, the CEO asked me to give her one good reason not to hire me.
— Katyayani Shukla (@aibytekat) February 15, 2026
I told her I wasn’t ready for that question and needed some time to think.
She said, “That’s fine... just promise you’ll email me your answer.”
Honestly, I thought she’d forget. But a… pic.twitter.com/z5CWWF8uxZ
Тоа го навела како причина зошто ги сака компаниите што ги водат жени. Во одговорот на споменатото прашање го напишала следново:
„Да, имав време да размислам за прашањето зошто не треба да ме вработите и се извинувам ако ова е малку подолг одговор, но произлегува од вистинска саморефлексија.
Добра причина да не ме вработите е тоа што имам среден живот. За мене тоа значи дека го одржувам мојот приватен и професионален живот организирани. Имам свое време за работа, обично од 9 до 17 часот во работните денови, и поставувам граници за да ја задржам работата во рамките на тоа време.
Некои компании и клиенти сè третираат како приоритет, а понекогаш луѓето очекуваат од нас да работиме бесконечно, вклучително и за време на викендите или по работното време, за да ги задоволиме нивните итни случаи. Искрено, верувам дека кога сè е итно, ништо не е итно.

Поставувањето граници е важно за луѓето да ме почитуваат како професионалец. Додека некои го ценат тоа, други би можеле да го гледаат како лош знак (red flag). Да се биде организиран и внимателен кон сопственото време, како и кон времето на другите луѓе, ми е многу важно.
Така што, тоа е тоа. Се надевам дека и двајцата ќе имате прекрасен викенд и ми беше задоволство да ве запознаам“.
Оваа објава на Шукла поттикна расправа меѓу корисниците на социјалната мрежа X. Сепак, многумина од нив го пофалија прашањето на извршната директорка, како и самиот одговор на Шукла.








