Варан за својот најголем проблем во кариерата: Има една табу тема во фудбалот за која никој не сака да зборува

Дерби

03/12/2025

14:30

177

Големина на фонт

а а а

Менталното здравје во денешно време се сфаќа многу посериозно за разлика од пред една или две децении во професионалниот спорт, па токму поради тоа, големите фудбалски ѕвезди се почесто знаат да ангажираат и лични психолози за да се справат со потешкотии, но и големите притисоци кои ги носат славата, успесите, но и неуспесите.

Рафаел Варан пред една година беше приморан да стави крај на кариерата поради повреда и тоа го направи на 31-годишна возраст, но како човек кој успеа да освои се што може да се освои до таа фаза од животот, вели дека најголемиот проблем во кариерата го имал со „невидливиот пријател“.

Варан во ексклузивното интервју за „Ле Монд“ се отвори за проблемите кои ги имал со менталното здравје, при што обелодени дека двапати страдал од депресија.

– Менталното здравје во фудбалот се уште е табу тема и малку кој сака да зборува за тоа. Фудбалерите најчесто се кријат и ги ставаат проблемите под перница. Фудбалот знае да ве притиска на различни начини: Тактички, психички, технички и физички. Сепак, менталниот и психолошкиот склоп е најтежок, секој се носи со такви проблеми на различен начин. Доцна сфатив за овие проблеми во кариерата, да го имав денешниот памет, ќе ангажирав тим од лични психолози многи порано во кариерата. На крајот создадов тим од такви луѓе, а од денешна перспектива, гледам дека ми требал многу порано.

– Првото искуство со депресија го имав во Реал Мадрид, непосредно по трансферот. Имав 18 години и немав нормални адолесцентски денови. Бев осамен, тренирав цело време, а многу ретко играв. Се чувавував ужасно, чувствував дека сонот ми пропаѓа. На теренот и на тренинзите бев фокусиран, но после тоа, не сакав да си одам дома. Имав страв да одам дома и тоа беше класична депресија. Не уживав во својот живот.

– Во тоа време не зборував за тоа со никого, морав да ја платам цената и да минам сам низ тоа. Втората криза беше откако си го оставрив најголемиот сон. Светската титула со Франција донесе огромна сатисфакција, но потоа следеше пад. Се искачивме на врвот на светот, но потоа следеше пад. Се сеќавам дека Ковид пандемијата ми помогна да излезам од депресија. Знам дека звучи парадокаслно, тоа беше период во кој многумина западнаа во депресија, но мене Ковид пандемијата ми помогна да го средам менталното здравје, – открива Французинот.

– Сметам дека играчите не треба да бидат затворени, треба повеќе да се зборува на оваа тема и да се бара излез од непријатни ситуации. Треба да се сподели проблемот со професионалци, бидејќи актуелниот свет во кој живеат фудбалерите не е воопшто лесен. Распоредот кој се форсира не влијае позитивно врз менталното здравје. Се сеќавам на мојата последна фаза на кариерата. Девет дена по Светското првенство во Катар, бев приморан да играм натпревар за Манчестер Јунајтед. Тоа сигурно не им помага на фудбалерите, – порачува Варан.