Лос Анџелес Клиперс игра ужасно на стартот на сезоната и има биланс од 5 победи и дури 16 порази, а тоа ја натера управата на оваа франшиза да повлече и еден радикален потег.
Ова утро, како гром од ведро небо пристигна информацијата дека Крис Пол добил шокантен отказ од Клиперси, и тоа во период кога на големо се зборуваше дека ја игра последната сезона во НБА кариерата.
Легендарниот плејмејкер еднострано е ослобден од страна на Лос Анџелес Клиперс и од денеска е слободен агент, па сега останува да видиме што ќе прави и дали ќе се пронајде нова средина во блиска иднина.
– Донесовме одлука за разделба со Крис Пол и тој веќе нема да биде дел од тимот. Крис е легендарен член на Клиперси и сакам да разјаснам една работа: Никој не го обвинува Крис за лошите резултати, – порача Лоренс Франк, претседателот за кошаркарски операции во Клиперси.
После оваа изјава на претседателот за операции, стана јасно дека Крис Пол добива непријатно изненадување, за кое и самиот тој се огласи на социјалните мрежи.
– Самошто дознав дека ме испратиле дома!
Крис Пол има 40 години и изминатово лето реши да се врати во Клиперс по пауза од осум години, но какошто стојат работите, легендарниот „CP3“ донесе погрешна одлука.
BREAKING: Clippers have informed Chris Paul that he is being sent home, per @ChrisBHaynes
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 3, 2025
😳 pic.twitter.com/A0ZD0agH3x







