Ромеро пронашол инспирација во Меси за најлудиот гол во неговата кариера

Дерби

03/12/2025

12:20

125

Големина на фонт

а а а

Кристијан Ромеро беше спасител на Тотенхем во секоја смисла на зборот на вчерашното гостување на „Ст. Џејмс парк“, бидејќи на натпревар на кој „петлите“ повторно изгледаа лошо, на крајот тој направи да освојат бод со луд гол во 95-та минута.

Популарниот Кути изведе импресивни „ножички“ од тешка позиција и со акробатскиот потег ги замолкна сите присутни на северот на Англија, но истовремено комплетираше партија која ќе ја памети уште долго.

Претходно Ромеро го постигна и голот за 1:1, па со блесокот кој го режираше во завршницата од мечот, сосема оправдано го понесе МВП признанието.

– Првиот гол беше многу важен, тоа беше знак дека сме живи. Не играме добро на последните неколку натпревари, не бевме доволно добри, но сега покажавме менталитет во исклучително тешки услови. Затоа тој гол беше многу важен, – изјави Ромеро.

– Вториот гол? Што да се каже….. Секој ден тренирам со Лео Меси во националниот тим и на моменти добивам инспирација да дадам вакви голови. Беше навистина убав гол, – изјави Ромеро.