Вирално видео: Гвардиола даде хит изјава за неверојатниот натпревар против Фулам

Дерби

03/12/2025

08:59

314

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити во раната фаза на второто полувреме се чинеше дека го има натпреварот против Фулам во свои раце, но тоа што наликуваше на чиста рутина при резултат 1:5, на крајот се претвори во вистинска агонија за играчите и навивачите, но и за менаџерот Пеп Гвардиола.

Фудбалската претстава која ја режираа Фулам и Манчестер Сити само потврди зошто Премиер лигата е најзабавно и најдобро фудбалско првенство во овој момент, а воодушевен остана и Гвардиола кој прес-конференцијата ја започна со прашање до новинарите.

– Уживавте ли момци? Добро беше нели? Дали ми беше добро мене? Останав без коса……, – изјави Гвардиола, по што експресно стана хит на Островот.

– Знам дека ќе ме прашате што се случи, но немам вистински одговор. Ќе ви кажам, ова е Премиер лигата, фудбалот носи емоции и неверојатни моменти. Сите голови кои ги примивме беа поради лоша одбрана, но исто така направивме и многу добри работи против одличен тим на Фулам. Фудбалот е моменти, имавме шанса за 6:3 преку Халанд, а во следниот напад беше 5:4. Кога ќе се случи тоа, на крајот треба само да преживеете. Не ме прашувајте како успеавме, сигурен сум дека не знаат ниту играчите. Во вакви моменти потребна ви е среќа, а денеска беше на наша страна, – изјави Гвардиола.