Весли Снајдер во ексклузивното интервју за „Марка“ се наврати на деновите кои ги мина во Реал Мадрид и лошата среќа која ја имаше во својата втора сезона на „Сантијаго Бернабеу“, но без оглед на тоа што не остави некој посебен впечаток, легендарниот Холанѓанец вели дека сите работи во животот се случуваа со одредна причина.
Една година по заминувањето од Реал, судбината посака Весли Снајдер да се врати на „Бернабеу“ и да ја освои титулата во Лигата на шампиони со Интер, па како што вели самиот, тоа му е најдобар спомен од домот на „кралевите“, клуб кој неизмерно го цени и почитува.
Снајдер во интервјуто признава дека не сакал да си замине од Реал и морал да биде жртвуван во ситуација кога беа ангажирани ѕвезди како Кристијано Роналдо и Кака, но говорејќи за сегашноста, нема сомнеж дека во актуелниот тим на Чаби Алонсо игра најдобриот играч во светот.
Холанѓанецот смета дека уште во раната фаза на новата сезона може да го препознае идниот добитник на „Златната топка“, а тоа според него ќе биде Килијан Мбапе.
– „Златната топка“ сега се бодува поинакво од мое време, тогаш се гледаше само кој е најдобар играч во светот и наградата беше загрантирана за Меси или Роналдо. Сега се гледа успехот и резултатите во текот на цела сезона. Поради тоа, сигурен сум дека „Златната топка“ во 2026-та година ќе му припадне на Килијан Мбапе. 100 проценти сум убеден во тоа. После него, таа награда може да ја освои и Винисиус. Мислам дека тој ја заслужи минатата година, но не треба да жали премногу. Не знам за Мбапе и Винисиус, но за мене беше многу поважно што ја освоив Лигата на шампиони, откако тоа што не ја добив „Златната топка“, – вели Снајдер.







